Кошаркарската репрезентација на САД прв пат во својата историја доживеа пораз од африканска репрезентација. Во подготвителен натпревар за Олимписките игри, Нигерија го победи „Дрим тимот“ со 90:87.
Нигерја на овој натпревар постигна 20 тројки. Пред девет години во Лондон, на ОИ, САД ја победија Нигерија со разлика од 83 поени.
Нигерија од клупата ја предводи Мајк Браун, асистентот на Стив Кер во Голден стејт Вориорс. Браун во тимот има осум играчи со НБА искуство.
Најефикасен кај Нигерија бепе Гејб Винсент со 21 поен (шест тројки), Кејлеб Агада постигна 17 поени. Овој играч во летната лига че игра за Денвер Нагетс.
„Ова беше пријателски меч, не значи многу, но секако победата е добра за нас“, рекол Браун.
САД ги предводеше Кевин Дурент со 17 поени, но со лоша реализација, погоди само четири од 17 обиди од поле, Џејсон Тејтум уфрли 15, а Демија Лилард 14 поени.
„На некој начин драго ми е што се случи ова. Сепак ништо нема да значи доколку не научиме нешто од овој пораз. Ова треба да биде важно за нас“, рекол американскиот селектор Грег Поповиќ.
„Нигерија на Олимписките игри ќе се натпреварува со Австралија, Италија и Германија, додека САД се во група со Франција, Иран и Чешка.