Top Sport

Дубаи ќе го организира завршниот турнир во Евролигата

Овогодинешниот Фајнал-фор на кошаркарската Евролигата би можел да се одржи во Дубаи, тврдат добро упатени кошаркарски извори.
Жалгирис беше првиот фаворит за домаќин на Фајнл-фор турнирот во 2022 година, но отпадна од трката поради недостаток на финансии. Владата на Литванија фнансиски не може да ја поддржи организацијата на турнирот.

Како што стојат работите, Дубаи веќе би можел да го добие Ф4 оваа сезона, само неколку недели по средбата меѓу челниците на Евролигата и потенцијалните инвеститори, пишува „Баскет њуз“.

Финалето на Евролигата би се одржало во сала која може да прими 17.000 гледачи, а во која неодамна се одиграа и некои подготвителни натпревари во НБА.

Да потсетиме, инвеститори од Обединетите Арапски Емирати планираат наводно да ја спонзорираат Евролигата со 60 милиони евра годишно преку авиокомпанијата „Емирати“.

Последниот Фајнл-фор се одржа во Белград, а титулата ја одбрани Анадолу Ефес.

Scroll to Top