Top Sport

Дуелот на непоразените му припадна на Работнички

Шестото коло во домашното кошаркарско првенство го донесе дуелот на непоразените Работнички и Блокотехна. Она што требаше да биде дерби заврши со рутунска победа на Работнички 71:55.

Кошаркарите на Работнички во неефикасната прва четвртина стекнаа предност од пет поени (14:9), а по првиот дел имаа двоцифрена разлика 37: 25.

Прашањето на победникот кошаркарите на Марин Докузовски го решија во третата четвртина која ја завршија со позитива од 21 кош (58:37). Во последната четвртина Блокотехна само малку успеа да го ублажи поразот.

Костовски, Гинјард и Крстевски со 15, 14, односно 13 поени беа најпрецизни кај Работнички кој по шестото коло ќе остане единствениот тим со максимален учинок.

Во саботата се одигра уште еден меч од шестата рунда. АВ Охрид го совлада Шкупи 105:92. Охрид ја забележа четвртата победа во првенството додека Шкупи се уште е без победа.

Scroll to Top