Top Sport

Федерер и Кертен меѓу највлијателните 30 на светот

Славниот магазин „Џи кју“ избра двајца тенисери во својот избор на 30 највлијателни мажи на планетатата – Роџер Федерер и помалку изненадувачки, Густаво Кертен.

Кертен, кој освои две титули на Ролан Гарос, пред поради постојаните проблеми со колкот да се повлече пред девет години.

„Пред Рафаел Надал тука беше Густаво Кертен, тенисерот со бушава коса кој влезе во историјата кога победи на Францускиот опен во 1997 како аутсајдер. Неговата приземност и љубовта кон спортот уште го прават врвниот професионалец, девет години по пензијата“, се оценува во „Џи кју“.

Федерер, пак, е пофален не само по неверојатниот тениски успех, туку поради неговата хуманост.

„Џентлмен на и надвор од теренот, 19-кратниот гренд слем шампион собра повеќе од 40 милиони долари во последните 14 години за филантропија, а во април заедно со Бил Гејтс собираше пари за образование во Африка“, го опишуваат Федерер во магазинот

Во топ 30 на „Џи кју“ има уште тројца спортисти – шпанскиот Мото ГП ас Марк Маркез, возачот на Мерцедес во Ф1, Валтери Ботас и англиската фудбалска легенда Дејвид Бекам.

Scroll to Top