Ѕвездата на Голден Стејт, Кевин Дурент беше последниот од НБА-ѕвездите кој беше исфрлен од игра, откако судијата му го прекрати мечот против Орландо меџик, кој Вориорс го добија со 133:112.
Дурент имаше обид на пет минути пред крајот на мечот, по што врескаше по судијата за да досуди фаул. По размената на зборови, тој доби техничка и исклучување.
„Се обидов да му објаснам, но нему тоа не му се допаѓаше и ме исфрли. Судијата го води мечот, така што ако не им е добро, можат да направат каква било одлука. Знам дека ја имаат моќта и треба да замолчам и да ги прифатам нивните одлуки“, вели Дурент откако заврши со 25 поени.
Леброн Џејмс (Кливленд) беше исфрлен од меч во вторникот, а Ентони Дејвис (Њу Орлеанс) во средата.
“F*** You!”
Another day, another NBA player gets ejected. Kevin Durant is the latest. pic.twitter.com/D5Y65h0GNr— Ballislife.com (@Ballislife) December 2, 2017