Top Sport

Дурент и Ирвинг донесоа триумф за Бруклин

Кошаркарите на Бруклин Нетс остварија победа на гости кај Кливленд (117:125) во најитересниот дуел од синоќешната програма во НБА лигата. Кевин Дурeнт и Кајри Ирвинг постигнаа по 32 поени и беа предводници во триумфот на Нетс.

На крајот беа залудни 46 поени што ги постигна Дариус Гарланд во составот на Кливленд.

Кевин Портер џуниор со 36 поени, седум скока и девет асистенции беше инспиратор на триумфот на Хјустон на гости против Чикаго.

Во останатите синоќешни натпревари се постигнати следните резултати: Детроит – ЛА Клиперс 131:142, Мајами – Минесота 113:110, Њу Орлеанс – Индијана 113:93, Сан Антонио – Јута 126:122, Портланд – Шарлот 124:113.

Scroll to Top