Top Sport

Дурент и „Најки“ потпишаа доживотен договор

НБА ѕвездата Кевин Дурент тргна по стапките на Мајкл Џордан и Леброн Џејмс. Асот на Феникс Санс потпиша доживотен договор со производителот на спортска опрема „Најки“.

Соработката на Дурент со Најк датира од 2007 година, а досега имаат издадено 15 различни оригинални патики.

“Кога првпат потпишав со Најк, никогаш не можев да сонувам до каде ќе оди нашето партнерство. Направивме одлична работа креативно и филантропски. Заедно го прошетавме светот и создадовме работа која ќе трае вечно. Возбуден од она што го носи иднината. Голема чест за мене е што сум во ова одбрано друштво“, рече Дурент.

Доживотната соработка вклучува обувки и облека, а „Најки“ и Дурент ќе продолжат да соработуваат на отворање нови терени во заедниците ширум светот преку „Фондацијата Дурент“ и програмата за развој на млади спортисти на Кевин наречена, „Тим Дурент“.

Финансиските детали од договорот не се обелоденети, единствено е познато дека Дурант барем до неодамна инкасирал околу 40.000.000 долари на име спонзорски договори, според „Форбс“.

Двократниот НБА шампион во февруари се пресели од Бруклин во Феникс, а со Санс го елиминира Лос Анџелес Клиперс во првото коло од плеј-офот и закажа меч со Нагетс во полуфиналето на Западната конференција.

Scroll to Top