Кошаркарите на Милвоки Бакс, во текот на изминатата ноќ, забележаа победа над бранителот на титулата Голден Стејт Вориорс 116:107. Сан Антони Спарс, во дербито, ги победија Оклахома Тандер 103:99, а Детроит Пистонс благодарение на Андре Драмонд се редуваше на победата против Вашингтон Визардс 103:92.
Голден Стејт се откажа од борбата за првата позиција на Западот, против Милвоки го забележа седмиот пораз на последните десет натпревари. Кевин Дурент за врати во тимот на Вориорс, но поради повреди тренерот Стив Кер се уште не може да смета на Клеј Томпсон, Стеф Кари и Дрејмонд Грин.
Дурент не се задржа долго натеренот бидејќи беше исклучен поради расправија со судиите. Ова е петто исклучување за Дурент оваа сезона.
Во ситуација кога во тимот ги нема главните играчи, Голден Стејт уште еднаш го предводеше дебитантот Квин кук со 30 поени. На спротивната страна доминираше Јанис Адетокумбо со 32 поени, додека Крис Мидлтон уфрли 23 поени.
Сан Антонио со победата над Оклахома 103:99 дополнително ја закомпликува борбата за позициите во плеј-офот. Спарси, сега се четврти на Западот, и се израмнија со Окалхома според бројот на победи и порази (44-32). Пораз повеќе имаат Њу Орлеанс и Минесота, а Јута Џез на осмото место има скор 42-33.
Лидер во победата на Сан Антонио беше Ламаркус Олдриџ со 25 поени. Поен повеќе на споритвната страна постигна најефикасниот играч на Оклахома Пол Џорџ.
Детроит со победата над Вашингтон ги задржа теоретските шанси за пласман на осмото место во Источната конференција. Без Блејк Грифин, Пистонс го победија Вашингтон 103:92. Доминираше Андре Драмонд со 24 поени и 23 скока.