Top Sport

Дурент ќе го пропушти првиот меч против Торонто Репторс

Кевин Дурент, еден од најдобрите кошаркари на денешницата, ќе го пропушти првиот натпревар од финалната серија во НБА лигата против Торонто Репторс, соопшти тренерот на Голден стејт Вориорс, Стив Кер.

Крилниот играч, го повреди листот на десната нога, за време на петтиот меч од полу-финалната серија на Западот, против Хјустон Рокетс. Дурент не играше во шестиот меч против Хјустон, а не се појави ниту во финалето на Западот, против Портланд Трејлблејзерс, кое Вориорс го добија со 4-0.

За разлика од Дурент, Демаркус Казинс, кој се повреди во првата рунда против ЛА Клиперс, би можел да биде во составот на актуелните шампиони. Сепак според американските медиуми тренерот Кер нема да ризикува и со него, се додека тој не биде максимално подготвен.

Првиот меч од големото финале помеѓу Вориорс и Репторс ќе се одигра во петок наутро од 3 часот, по средноевропско време.

Scroll to Top