Кевин Дурент никогаш целосно не успеал да се вклопи во екипата на Голден стејт Вориорс. Ова на американските новинари им го кажал еден од најдобрите играчи во НБА-лигата. Дурент од наредната сезона ќе настапува во тимот на Бруклин Нетс.
„Сакав да бидам дел од групата, дел од семејството, да се чувствувам дека сум прифатен, но никогаш не станав еден од нив. Вориорс не ме драфтуваа. Стеф кари, тука е јасно, Андре Игудала, о освои првиот прстен, Клеј Томпсон, и тука е јасно, Дрејмонд Грин исто така е јасно…Останатите можам да кажам дека ги рехабилитираа своите кариери таму. А јас? Како мене да ме рехабилитирате? Што можете мене да ме научите? Јас веќе бев МВП, бев најдобар стрелец во лигата…“, рекол Дурент.
Тој рекол дека како одминувало времето се повеќе му станувало јасно дека е поинаков од соиграчите.
„На крајот испадна дека главни беа околностите под кои јас се преселив таму. Медиумите секогаш гледаа во мена како на Кевин Дурент, а на Вориорс како на Вориорс. Поради тоа никако не можев да бидам прифатен таму“, рекол Кеј-Ди и проговорил за целиот циркус во НБА-лигата.
„Понекат го мразам фактот дека играчите и препуштија на лигата да се занимава со нивната работа, јас ја мразам славата која доаѓа со оваа работа…Понекогаш не сакам да бидам во близина на луѓе кои кои се на високи функции“.