НБА ѕвездата Кевин Дурент јавно откри зошто ги напушти Голден Стејт Вориорс во 2019 година и премина во редовите на Бруклин Нетс. Со него во составот Вориорси беа еден од најдоминантните тимови во НБА лигата.
Тој одлучи да си оди од тимот по дуелот со Дрејмонд Грин на сред меч во 2018 година, а сега ја откри и вистинската причина.
„По мое мислење челниците на Вориорси погрешија“ вели Грин, а Дурент се согласи со него „И јас исто мислам“.
„Не беше проблемот во кавгата, туку како сите се однесуваа. Тренерот Стив Кер се правеше како ништо да не се случило, а генералниот менаџер Боб Мајерс се обиде тебе да те дисциплинира мислејќи дека така се ќе замаскира“ додава Дурент.
Него најмногу го изнервирало тоа што Вориорси нагласувале дека се семејство.
„Но тоа не го покажавме. Тоа е она што ме мачи повеќе од било што“ вели Дурент.
Дрејмонд Грин го опиша својот разговор со челниците на екипата откако екипата се врати во Оукленд од Лос Анџелес, каде Дурент и тој се судрија на сред меч против Клиперси.
„Единствени кои ова можат да го поправат сме Дурент и јас“ вели Грин.
Тогаш Вориорси го суспендираа Грин на еден меч.