Еден од најдобрите играчи во историјата на НБА, Кевин Дурент, се налутил кога дознал дека клубот преговара со Голден стејт за размена на играчи, во кој требало да биде главната ѕвезда.
Според некои медиуми, Дурент и неговиот менаџер дури на 31. јануари дознале за можноста искусниот кошаркар да се врати во Сан Франциско, а повеќе детали дознал од поранешниот соиграч Стеф Кари по натпреварот кој Вориорс и Санс го одиграа на 1.февруари.
Инаку, претходно Дурент одби трејд во Сан Фрннциско, што имаше врска со неговата претходна историја со Вориорс, Голден Стејт се надеваше дека ќе се постигне договор.
Бидејќи не беше воспоставена соработка, Вориорс го ангажираа Џими Батлер од Мајами Хит, кој првично беше планиран како опција од Санс во случај Дурент да си замине.
Бидејќи Дурент, како што споменавме, се чувствува изневерен од Санс, не е исклучено да се реши да го напушти клубот по завршувањето на сезоната и покрај тоа што има договор до 2026 година.