Top Sport

Дурент тренира во дрес на Кукоч

Кевин Дурент, еден од најдобрите играчи на денешницата, започнал со шутерските тренинзи во својот нов клуб Бруклин Нетс.

Кеј-Ди, во јуни, во петтиот меч од финалната серија против Торонто Репторс ја скина Ахиловата тетива. Веднаш по завршувањето на сезоната тој донесе одлука да ги напушти Голден стејт Вориорс и да ја прифати понудата од Бруклин.

По операцијата лекарските прогнози беа дека тој ќе ја пропушти целата сезона 2019/2020, меѓутоа според тоа како се одвива неговиот процес на рехабилитација можно е тој да се се појави во тимот на Брулклин Нетс во финишот на сезоната.

Дурент започнал со шутерски тренинзи, а на „Твитер“ се појавија фотографии од неговиот тренинг. Интересно Дурент е облечен во дрес на легендарниот Хрват, Тони Кукоч.

Кевин Дурент никогаш не криел дека во детството Кукоч бил еден од неговите идоли.

Scroll to Top