Top Sport

Мото ГП ќе се вози во Унгарија

Унгарија од 2022 година ќе биде домаќин на трка во светскиот Мото ГП шампионат. Деновиве интензивни преговори на оваа тема воделе Дорна и владата на Унгарија.

Доколку две страни ги договорат условите тогаш трките би се одржувале на нова патека кој би била изградена во источниот дел на државата.

„Среќен сум што можам да објавам дека Мото ГП е подготвен да се врати во Унгарија. Стратегијата за развоја на унгарскиот мотоциклизам што и беше претставена на владата опфаќа бројни цели и мерки. Таа е важна за туризмот, но и за индустријата која има пресудно влијание врз унгарската економија. Клучно е да се развие Хунгароринг и домашната спортска инфраструктура, а врвот ќе биде новата патека и Мото ГП настанот“, рекол унгарскиот министер за иновации и технологии, Ласло Палкович.

„Горд сум што можам да објавам дека започнаа преговори за уште една трка во Мото ГП календарот. Новата трка и патеката во Унгарија е возбудлив проект за сите нас. Овој проект ќе го врати Мото ГП во земја што има традиција во тркањето“, изјавил извршниот директор на Дорна, Кармело Еспелта.

Меморандумот за разбирање што го потпишале двете страни значи дека Унгарија би можелда биде домаќин на Мото ГП трките од 2022 до 2026 година. Официјално договорот би требало да биде потпишан во февруари 2020 година.

Scroll to Top