Top Sport

Двајцата најплатени тренери во НБА, најлоши во лигата

Тренерот на Сан Антонио, Грег Поповиќ и неговиот колега од клупата од Детроит, Монти Вилијамс имаат вкупно само шест победи од почетокот на сезоната.

Оваа информација не би била толку необична да не се работи за двајцата најплатени тренери во лигата.

Поповиќ е последен со Спарс на Западот (4-21), а Вилијамс е уште послаб на Истокот со Детроит (2-24).

Поранешниот тренер на Санс, Мони Вилијамс, кој пред две години ги предводеше до финалето на НБА, сведочи за агонијата на подмладените Пистонс. Детроит нема победа на последните 23 натпревари.

Вилијамс летово ги презеде трикратните шампиони во НБА со намера конечно да ги извади од просечноста, сепак, ситуацијата е полоша отколку што беше.

Тој беше прогласен за тренер на годината две сезони по ред (2020, 2021) што не му помогна да ја задржи работата минатата сезона кога доби отказ од Санс откако беше елиминиран од Денвер во плеј-офот.

Вилијамс е вториот најплатен тренер во лигата со 13 милиони долари по сезона.

Прв на таа листа е легендарниот Грег Поповиќ со 16 милиони долари.

Иконата на НБА, петкратниот шампион и столбот на Спарс кои ги води 22 години, сепак нема успех во последните години и нема изгледи тој тренд да се промени оваа сезона и покрај доаѓањето на сензационалниот Виктор Вембањама.

Трет на листата на најплатени тренери е Стив Кер (Голден Стејт).

Scroll to Top