Top Sport

Две лица приведени поради нападот на делегацијата на Црвена звезда во Задар

По повод двата одвоени напади во Задар врз лица од делегацијата на кошаркарскиот клуб Црвена звезда, полиција во саботата вечерта соопшти дека „во полициските простории има две лица кои се поврзани со овие настани“.

Во саботата „околу 20.00 часот, до полициските службеници на Полициската управа Задар пристигнале пријави за два настани, кои се поврзани со одржувањето“ на денешниот спортски натпревар во Задар.

„Во тек е кривична истрага за утврдување на сите околности и факти на овие настани. Во просториите на полицијата има две лица кои се приведени во врска со овие настани. По завршување на кривичната истрага, полицијата навремено ќе ја информира јавноста“, се наведува во соопштението, пренесува Индекс.хр.

КК Црвена звезда претходно соопшти дека „во саботата вечерта во два одвоени инциденти во Задар без повод и причина бил нападнат член на Управниот одбор на клубот заедно со уште еден пријател на клубот во чие друштво се наоѓал, двајца новинари членови на прес-тимот “.

Како што се наведува, сите во нападот биле претепани од бројни маскирани хулигани и во таа прилика се здобиле со тешки повреди.

„Како клуб бараме итна реакција од надлежните органи, пред се од хрватската полиција и безбедносни служби, како и приведување на напаѓачите, бидејќи неверојатно е дека лицата кои пристигнаа во Задар како дел од делегацијата на нашиот клуб , кои немаа знаци од нашиот клуб на себе, се напаѓани, ниту пак испровоцираа некого на кој било начин“, се наведува во соопштението на КК Црвена звезда Меридијанбет.

Scroll to Top