Top Sport

Две продолженија во Денвер – Нагетс поведоа против Портланд со 3:2

Спектакуларен натпревар, со две продолженија, одиграа Денвер Нагетс и Портланд Трејлблејзерс. Нагетс на крајот славеа со 147:140 и поведоа во серијата со 3:2.

Натпреварот во Денвер го обележа Демијан Лилард, кој два пати во живот ги врати Трејлблејзерси. Најпрвин со тројка на три секунди погоди за продолженија. Потоа во првото продолжение со две тројки ја стигна предноста на Денвер од девет поени.

Лилард мечот го заврши со 55 поени, што е плеј-оф рекорд за франшизата од Портланд.

Денвер го предводеше Никола Јокиќ со 38 поени, 11 скокови и девет асистенции. Голема помош српскиот центар доби од Монетј Морис кој постигна 28 и Мајкл Портер јуниор кој мечот го заврши со 26 поени.

Наредниот натпревар се игра во четврток во Портланд.

Scroll to Top