Најдобриот играч на Анадолу Ефес, Шејн Ларкин, успешно е опериран во САД, објави неговиот клуб во средата.
Ларкин се повреди кон средината на ноември на натпреварот со Валенсија, а операцијата на тетивата на левата препона е успешно извршена, според соопштението на турскиот клуб.
Искусниот бек-шутер ќе паузира два месеци, па неговото враќање на теренот треба да се очекува дури на почетокот на февруари следната година.
Американскиот кошаркар со турски пасош ја игра својата осма сезона во Ефес, а пред повредата во Евролигата постигнуваше просек од 15,8 поени и 4,5 асистенции.
Foto/ EPA
