Турскиот тим Анадолу Ефес ја загуби довербата во хрватскиот тренер, Велимир Перасовиќ, отпуштајќи го по поразот од Басконија на домашен терен.
Перасовиќ го остави клубот на 15. место во Евролигата со само три победи и девет порази, нешто што не им се допадна на шефовите во турскиот клуб. За негов наследник најверојатно ќе биде промовиран турескиот стратег, Ергин Атаман.
Ефес пред неколку дена се откажа и од услугите на словенечкиот кошаркар Едо Муриќ, кој имаше само 2 поени и 2 скока по натрпевар во Евролигата.