Top Sport

Ефес ја освои Атина, Макаби со лекција за Алба, Армани подобар од Басконија

Турски Анадолу Ефес убедливо го совлада грчки Олимпијакос, сред Атина со 86-67 во 7 коло од Евролигата.

Турската екипа дојде до победата благодарение на одличните партии на Мициќ, односно Ларкин кои постигнаа по 27, односно 24 поени.

Единствена светла точка во домашната екипа беше Брендон Пол кој постигна 15 поени.

Со оваа победа, турската екипа моментно е на 5-тата позиција на табелата, додека Олимпијакос со само 2 победи е близу до дното.

Во Тел Авив, екипата на Макаби ја пречека берлинска Алба. Домаќините пред своите навивачи убедливо со 104-78 ја совладаа Алба.

Најпрецизни во победничката екипа беа Дибартоломео со 19 и Вилбекин со 16 поени.

Армани во Милано со 81-74 славеше против шпанска Басконија во последниот ноќешен натпревар во Евролигата.

Scroll to Top