Top Sport

Јунајтед лесно со Партизан, Еспањол го наполни Лудогорец, Ренџерс го среди Порто

Еспањол до врв ја наполни мрежата на бугарски Лудогорец, откако вечерва во Каталонија славеа со 6-0. Гостинската екипа беше хендикепирана затоа што уште од 35 минута, останаа со двајца играчи помалку поради црвени картони.

Екипата на Манчестер Јунајтед веќе обезбеди пласман во нокаут фазата во ЛЕ откако вечерва на домашен терен славеше против белградски Партизан со 3-0. Стрелци на головите за домашните беа Гринвуд, Марсијал и Рашфорд.

Белгиски Гент е многу блиску до нокаут фаза откако вечерва славеше на гостински терен кај Волфсбург со 3-1.

Во Шкотска, екипата на Глазгов Ренџерс, пак, беше подобра од Порто со 2-0.



Ова се сите резултати од натпреварите што започнаа во 21 часот:

Борусија (М) – Рома 2-1
Брага – Бешикташ 3-1
Еспањол – Лудогорец 6-0
Ференцварош – ЦСКА Москва 0-0
Феенорд – Јанг Бојс 1-1
Манчестер (Ј) – Партизан 3-0
Олександрија – Сент Етјен 2-2
Ренџерс – Порто 2-0
Волфсбергер – Башахшехир 0-3
Волфсбург – Гент 1-3
Вулверхемптон – Слован (Б) 1-0

Scroll to Top