Турскиот репрезентативец, Џеди Осман, доби понуда од својот поранешен клуб Анадолу Ефес. Новинарот Андреа калцони, на социјалната мрежа „X“ објави дека кошаркарот роден во Охрид сериозно ја разгледува оваа понуда.
Ефес, по две лоши сезони во Евролигата, започна со реконструкција на тимот. Вил Клајбурн еден од најдобрите крилни играчи воо Евролигата замина во Виртус. Планот на челниците на Ефес, на позицијата четири да го донесат Осман.
Осман во 2015 година беше избран како 31.пик на драфтот од страна на Кливленд Калавлирс. На франшизата и се приклучи пред почетокот на сезоната 20172018. Минатата сезона Осман ја мина во Сан Антонио.
Наводно интерес за Осман покажале Реал и Партизан, но само Ефес испратиле конкретна понуда. Турскиот клуб на кошаркарот му нуди три годишен договор и нето плата од 2.000.000 евра по сезона.