Top Sport

Ефес по европската круна, го декласираше Фенер за турската титула

Анадолу Ефес стигна до доминантна 93:66 победа над Фенербахче, за да ја комплетираат 3:0 победата во финалната серија и да ја освојат својат 15. турска титула.

Ефес, кои претходно ја освоија и својата прва титула од Евролигата, го „скрши“ мечот во втората четвртина, кога успеаја со фантастична одбрана да им дозволат само 7 поени на противниците. На мечот имаше и нервозни моменти, кога Мелих Махмотоглу и Крис Синглтон влегоа во физичка пресметка, по што беа исфрлени од игра.

Родриг Бубоа уфрли 30 поени за Ефес, а имаше и 2 скока и 4 асистенции, Тунчер додаде 13 поени, додека Василије Мициќ немаше најдобар ден со само 11 поени. За Фенербахче, Нандо де Коло имаше 19 поени.

Scroll to Top