Top Sport

Ефес победи со 57 разлика, Сајбир со нестварен трипл-дабл

Кошаркарите на Ефес го победија Афион Беледијес со неверојатни 57 поени разлика (140:83), во шампионатот на Турција.

Натпреварот мина во знакот на двајца млади играчи Јигитџан Сајбир и Омер Иљасоглу. Двајцата забележаа по трипл-дабл. Сајбир го одигра целиот натпревар, за 40 минути забележа 43 поени, 16 скока и 12 асистенции, неговиот индекс на успешност изнесуваше 68.

Иљасоглу постигна 24 поени на кои придодаде 14 скока и 13 асистенции.

Ефес по 12 коло се лидери на табелата со скор од 10 победи и два порази и натпревар повеќе од Фенербахче.

Scroll to Top