Шејн Ларкин ги предводеше Анадолу Ефес до славна 82:80 победа на гости кај ЦСКА Москва, прв триумф за турскиот клуб во руската престолнина по пауза од 21 година, за уште еднаш да ја докаже овогодишната доминација на тимот на Ергин Атаман.
Ларкин им донесе 81:78 водство на гостите на 41 секундии пред крајот, додека Мајк Џејмс пропушти шанса да израмни за ЦСКА и да примора продолжение. Две успешни слободни фрлања на Даниел Хакет значеше дека разликата е само еден поен, пред Ларкин да го постигне последниот кош, повторно од слободно фрлање.
Ларкин заврши со 23 поени и 4 асистенции, додека Василије Мициќ додаде 19 поени, а за ЦСКА, Џејмс беше најефикасен со 20 поени.
Ова е слатка одмазда за Атаман, кој пред мечот изјавуваше дека има „незавршена“ работа со ЦСКА, единствениот тим кого Ефес го немаше совладано во последните години. Последен пат Ефес беше подобар од „Армејците“ во Топ 16 рундата во 2012/13.