Top Sport

Ефес со неверојатна слатка одмазда против ЦСКА

Ниту моќната ЦСКА Москва не успеа да ги сопре Анадолу Ефес, откако шест кошаркари имаа двоцифрен број на поени за фантастична 100:70 победа, со која се одмаздија за поразот од првиот меч во Русија, кога „Армејците“ победија со 100:65, што беше најлош пораз во модерната Евролига.

Василије Мициќ ги предводеше Ефес со 21 поен, 8 асистенции и 6 скока за шеста победа во низа за турскиот клуб. Сертаџ Санли додаде 14 поени, Крис Синглтон 12, додека Родриге Бобоа, Шејн Ларкин и Крунослав Симон завршија со 11 поени.

Само Торнике Шенгелија (14 поени) и Јоханес Фоигтман (10 поени) беа двоцифрени за „Армејците“ кои пристигнаа во Истанбул со две победи на гости кај Олимпијакос и Макаби.

ЕВРОЛИГА, 28.КОЛО

Зенит Санкт Петерсбург – Реал Мадрид 71:75 (13:24, 16:14, 29:14, 13:23)

Анадолу Ефес – ЦСКА Москва 100:70 (31:13, 24:15, 20:17, 25:25)

Макаби Тел Авив – Валенсија 84:72 (14:18, 19:17, 29:21, 22:16)

Баерн Минхен – Панатинаикос 76:71 (14:21, 23:15, 20:19, 19:16)

Scroll to Top