Турскиот шампион Анадолу Ефес го доведе Дариус Томпсон, кој треба да го замени Василиј Мичиќ.
Мициќ замина во НБА, а поранешниот европски првак брзо најде замена. Станува збор за довчерашниот плејмејкер на Басконија, Дариус Томпсон.
Американецот минатата сезона во Басконија имаше просек од 12,6 поени, 6,7 асистенции и 3,2 скока. Погоди 58% за два поени и 38,4% за три поени.
Томпсон има интересна кариера, која ја започна во холандски Лајден, потоа од 2019 до 2021 година играше во Бриндизи, една сезона мина во Локомотив Кубањ, а последната во Басконија. Минатата сезона беше водечки асистент во Евролигата.