Австралискиот кошаркар Данте Егзум ќе си замине од Партизан и ќе му се приклучи на Лука Дончиќ во Далас маверикс, тврди „ЕСПН“, потврдувајќи го враќањето во НБА лигата.
Поранешниот петти пик на драфтот играше во НБА од 2014 до 2021 година, настапувајќи за тимовите на Јута џез и Кливленд кавс, но по честите повреди се врати во Европа, каде што играше за Барселона и Партизан, каде што стана миленик на навивачите и ги предводеше „црно-белите“ до титулата во АБА-лигата.
Егзум во Далас ќе има шанса да игра покрај Дончиќ и Кајри Ирвинг, со надеж дека ќе го крене нивото на тимот кој минатата сезона не успеа да влезе во плејофот.
Free agent G Dante Exum – a former No. 5 overall pick – is returning to the NBA on a guaranteed deal with the Dallas Mavericks, his agent Brandon Rosenthal tells ESPN. After leading Partizan to their first title in a decade, Exum brings his perimeter versatility to the Mavs.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) July 2, 2023