Top Sport

„Еј-би-си“: Четирите ќерки на Брајант биле во хеликоптерот! (видео)

Шокантната вест за смртта на НБА легендата Коби Брајант одеднаш станува уште поужасна, откако според американската „Еј-би-си“ во хеликоптерот кој падна во ридовите над Лос Анџелес биле и неговите четири ќерки, како и неговиот поранешен соиграч Рик Фокс.

Според извештајот на телевизијата во хеликоптерот биле и Џана, Наталија, Бјанка и новороденото бебе Капри, а постојат и извештаи дека со него бил и неговиот поранешен соиграч Рик Фокс. Ова уште не е потврдено од другите американски извори, предизвикувајќи многу бес на социјалните мрежи, по што самите „Еј-би-си“ ретерираа и го повлекоа извештајот на новинарот Мет Гутман.

Шок и неверување! Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа!

Scroll to Top