Top Sport

Шок и неверување! Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа!

НБА легендата, Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија, јавуваат повеќе американски извори.

Брајант бил еден од петте патници во неговиот приватен хеликоптер кој летал над Калабасас, кога во хеликоптерот избил оган, јавува американскиот портал „ТМЗ Спортс“. Во несреќата нема преживеани, а неговата сопруга Ванеса не била меѓу патниците на хеликоптерот.

Полицијата во Лос Анџелес потврди дека несреќата се случила во 9.47 часот наутро по локално време, а пожарникарите во 10.30 часот го изгаснале пожарот, и утврдиле дека нема преживеани.

41-годишниот Брајант две децении беше прва ѕвезда на НБА лигата со Лос Анџелес лејкерс, освојувајќи пет шампионски прстени пред да се повлече во 2016 година.

Брајант и неговата сопруга Ванеса имаат четири ќерки: Џана, Наталија, Бјанка и Капри, која се роди во јуни 2019 година.

Scroll to Top