Два клуба чии бои се црна и бела, Виртус Болоња и Партизан, изминатата недела покажаа сериозен интерес за Нигериецот Екпе Јудо. Овој 34-годишен центар, висок 208 сантиметри, има титула во Евролигата со Фенербахче, кога тимот го предводеше сегашниот тренер на Партизан, Жељко Обрадовиќ.
Трката за потписот на кошаркарот кој има одиграно преку 400 натпревари во НБА лигата ја доби италијанскиот шампион Виртус.
Јудо, во Виртус доаѓа од Кина, каде што играше изминатите две сезони.
Во НБА лигата настапувал за Голден стејт, Милвоки, ЛА Клиперс и Јута.
Јудо со Виртус потпишал договор до 2023 година.