Top Sport

Заврши Тур Д’Франс – Погачар ја одбрани титулата

На Елисејските полиња, во неделата, заврши 108. издание на нјапрестижната велосипедска трка во светот, Тур Д’Франс. И пред почетокот на последната етапа беше јасно дека Словенецот, Тадеј Погачар, ќе ја одбрани титулата.

Пред почетокот на последната етапа, во центарот на вниманието беше Марк Кавендиш, кој не успеа да го собори рекордот според бројот на етапни победи на Тур Д’Франс. Последната етапа му припадна на Ваут ван Ерт.

Ван Ерт (26), победи на етапата долга 108,4 километри, која се возеше од Шато до Елисејските полиња. Ван Ерт, со оваа победа, го комплетираше одличниот настап на трката, тој годинава победи на планинска етапа, во возење на хронометар и со спринт.

Тадеј Погачар победи со вкупно време 82 часа, 56 минути и 36 секунди, втор со задоцнување од 5 минути и 20 секунди заврши Данецот Јонас Виндегор, а трет беше Ричард Карапас.

Scroll to Top