Top Sport

Екс-капитенот на Србија, Мачван е во болница, заразен со коронавирус

Поранешниот капитен на кошаркарската репрезентација на Србија, Милан Мачван е заразен со коронавирус и е хоспитализиран во болницата „Драгиша Мишовиќ“ во Белград, јавуваат српските медиуми. Нема детални информации каква е моменталната состојба на поранешниот кошаркар на Партизан.

Голем број спортисти кај нашиот северен сосед се меѓу заразените од Ковид 19 вирусот, но за среќа, кај сите вториот тест бил негативен.

Коронавирусот не ги заобиколи фудбалерите на Црвена Звезда (Гобељиќ, Петровиќ, Јованчиќ, Конатар и Јовичиќ), фудбалерите на Партизан (Шчекиќ и Лакчевиќ), одбојкарот Александар Атанасиевиќ, кошаркарот Никола Јокиќ, како и тенисерите Новак Ѓоковиќ и Виктор Троицки.

Scroll to Top