Поранешниот тренер на Партизан, Душко Вујошевиќ предизвика сообраќајна несреќа центарот на Белград. Се се случило рано утринава, околу шест часот, јавуваат српските медиуми.
Според овие извори, Вујошевиќ со својот автомобил удрил во две паркирани возила, а потоа и во ѕид на еден угостителски објект.
Инцидентот се случил додека Вујошевиќ излегувал од гаражата.
Повредени нема, причинета е само материјална штета.
Дополнително, утврдено е дека на Вујошевиќ му била истечена возачката дозвола, што секако му создава дополнителни проблеми.
Познато е дека Вујошевиќ долго време има проблеми со дијабетес.
Медиумите од Србија тврдат дека за се се обиделе да добијат изјава од Вујошевиќ, но тој наводно не бил расположен за тоа.