Top Sport

Ембид доби и трет пасош

Кошаркарот на Филаделфија, Џоел Ембиид продолжи да „собира“ пасоши од различни земји.

Камерунецот пред неколку месеци доби документи од Франција и најавил дека ќе игра за таа земја на Олимписките игри во Париз во 2024 година, а сега стана и државјанин на САД.

Како што и самиот истакна, неговиот син одиграл клучна улога во тој процес.

„Мојот син е Американец и почувствував дека живеам овде и се чувствувам благословен поради тоа. Си реков – зошто да не?“, изјави Ембиид.

Ембиид е во НБА од 2014 година кога беше избран од Филаделфија и оттогаш го носи дресот на оваа франшиза.

Scroll to Top