Камерунскиот кошаркарски центар Џоел Ембид (27) ќе потпише нов договор со НБА тимот на Филаделфија, пренесува „АП“.
Центарот би требало да остане во Фила до сезоната 2026/27, а договорот ќе изнесува 196 милиони долари.
Според информациите, денеска во текот на денот би требало да има официјална информација.
Во минатата сезона Ембид беше втор во гласањето за најкорисен играч во текот на регуларниот дел од НБА сезоната, зад колегата од Денвер – Никола Јокиќ.
Камерунскиот кошаркар минатата сезона ја заврши со просек на поени од 28,5, но и 10,6 скока на меч.
Во Филаделфија настапува од 2014 година, а минатата сезона со Сиксерси беа елиминирани во втората рунда од плеј-офот, од Атланта со 4-3 во серијата.