Top Sport

Ембид го одигра мечот на животот и влезе во друштво на НБА легендите

Џоел Ембид во победата на Филаделфија над Чикаго со 112-105 го одигра мечот на животот.

Против „биковите“ Ембид постигна 50 поени што му е рекорд во кариерата. Царуваше и под кошевите со 17 скока и 4 блокади, а мечот го заокружи и со 5 асистенции и 2 украдени топки.

Стана првиот играч со вака разнолика сјајна статистика во НБА натпреварите уште од 1985 година.

Лигата потсетува и дека Ембид е првиот играч на Сиксерси кој постигнал 50 поени по 2005 година кога тоа му успеа на Алан Ајверсон.

Сите овие податоци покажуваат дека Ембид со овој меч им се придружи на НБА легендите. Ова беше негов трет меч сезонава на кој има најмалку 40 поени и 10 скока.

Scroll to Top