Top Sport

Ембид испадна од МВП трката, мора да го оперира коленото

Кошаркарот на Филаделфија Џоел Ембид оваа недела ќе го оперира коленото, соопштија од НБА клубот.

Ембид го повреди менискусот на левото колено во вторникот при поразот на неговиот тим од Голден Стејт.

Филаделфија не прецизираше колку време ќе отсуствува Ембиид, но новинарот Адријан Војнаровски истакна дека тоа ќе биде долг период.

Не е исклучено и да ја заврши сезоната. .

Актуелниот МВП, сезонава пропушти 13 натпревари, а по оваа повреда е јасно дека нема да биде во конкуренција за наградата, бидејќи според новиот колективен договор играчите мора да одиграат најмалку 65 натпревари во лигата за да останат во трката за МВП, но и во трката за најдобриот тим во сезоната.

Ембид моментално е водечки стрелец во НБА со 35,3 поени по натпревар, а во просек бележи 11,3 скока и 5,7 асистенции.

Тој постигна рекордни во кариерата 70 поени со 18 скока на 22 јануари во победата над Сан Антонио со 133-124.

Да потсетиме, Ембид минатата сезона стана играчот со најмалку одиграни натпревари (66) кој беше прогласен за МВП од Бил Волтон и сезоната 1977/78.

Scroll to Top