Top Sport

Ембид ќе игра за САД на ОИ во Париз?

Џоел Ембиид, МВП на регуларниот дел од сезоната во НБА, би можел да игра на Олимписките игри во Париз во 2024 година.

Центарот на Филаделфија има француско и американско државјанство, тој треба да реши за која репрезентација ќе игра.

Запрашан дали Џоел Ембиид ќе добие покана да биде дел од тимот на САД на Олимпијадата во Париз, генералниот директор на кошарката на САД, Грант Хил, ги потврди гласините.

„Јас само ќе дадам едноставен одговор: „Да, разговарав со него“. Тој има опции. Тој е одличен играч. Но, тој е и некој за кој разговаравме за следното лето. Ќе видиме како ќе се одвива тоа“, рече Хил.

Претходно селекторот на француската репрезентација Винсент Коле изјави дека ја чека конечната одлука на Ембиид.

Камерунецот лани имаше просек од 33,1 поен, 10,2 скока и 4,2 асистенции по натпревар.

Scroll to Top