Кошаркарот на Филаделфија Жоел Ембид ја покрена процедурата за добивање француско државјанство.
Центарот од Камерун им пред неколку години имаше желба да игра за селекцијата на Винсан Коле, но не успеа бидејќи на таквото сценарио се спротивставија Еван Фурние и легендарниот Тони Паркер.
Овој пат се чини дека Ембид ќе успее во својата намера. „Радио Монте Карло“ пренесува дека процедурата треба да се заврши во текот на јуни. Ембид има семејство во Франција и, врз основа на неговите предци, има право да аплицира за државјанство на таа земја.
Дополнително, не треба да се нагласува дека Камерун во минатото бил под француска колонијална власт. Со оглед на сето тоа, тој навистина би можел да заигра за „триколорите“ на Евробаскетот кој е на програмата во текот на септември.
Ембид никогаш не играл за Камерун, додека во Франција заедно со Руди Гобер ќе го сочинуваат еден од најдобрите тандеми на високи кошаркари во историјата на европската кошарка.
Кошаркарот на Филаделфија беше најдобар стрелец во регуларниот дел од сезоната оваа сезона и е еден од кандидатите за МВП наградата.