Top Sport

Ембид од Филалдефија доби 148 милиони за пет години

Џоел Ембид ќе потпише нов петгодишен договор со Филаделфија „тежок“ 148 милиони долари. Оваа информација ја објави новинарот на ЕСПН, Едријан Војнаровски, а Ембид би можел да аработи и до 178 милиони долари доколку бидат исполнети некои клаузули во договорот.

Според информациите од САД ова е еден од најкомплексните договори бидејќи содржи многу детали. На пример, Ембид би можел да заработи дополнителни 30 милиони долари доколку биде избран во првата, втората или третата петорка во НБА лигата или доколку влезе во конкуренција за МВП наградата.

Ова се само некои од деталите, а според медиумите има уште многу детали кои не се откривени.

Многумина се сомневаат во овој договор бидејќи Ембид досега во кариерата има одиграно само 31 натпревар, поради повредите и прашање е дали неговото тело ќе може да ги издржи напорите кои ги бара НБА лигата.

Сепак, минатата сезона иако одигра само 31 натпревар Ембид целосно го смени ликот на франшизата од Филаделфија.

Ембид минатата сезона во просек играше 25 минути по натпревар, остварувајќи учинок од 20,2 поени, 7,8 скокови, 2 асистенции и 2 блокади. н.ц.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top