Top Sport

Ембид откри зошто ја одбрал Америка

Американскиот кошаркар Џоел Ембид проговори за причините поради кои одбрал да игра за селекцијата на САД. Ембиид имашe можност да игра за родниот Камерун, но и за Франција, но сепак ја избра Америка.

Центарот на Филаделфија присуствуваше на церемонијата на отворање на Олимписките игри.

„Беше добро. Сонував за ова уште кога бев дете“, изјави Ембиид за Ен-би-си.

Тој беше прашан за неговата одлука да ја избере Америка, одлука која предизвика бес во Франција.

„Изградив многу во Америка, имам семејство овде, тука сум половина од мојот живот. Имаше многу смисла, а потоа секако тука е и оваа група на момци. Ги познавам долго време и се чувствувам комфорно, како што реков, тајмингот беше вистинскиот“, истакна Ембид.

Ембид, утре ќе го има офцијалното деби за САД на натпреварот против Србија.

Scroll to Top