Top Sport

Ембид за триумф на Фила, Вајт погоди седум тројки за четвртина, Богдан го реши Портланд

Кошаркарите на Филалдлефија потешко од очекувањата го победија Кливленд 99:97, а последните поени на мечот ги постигна Џоел Ембид на 13 секунди до крајот на мечот. Победи запишаа уште и Сакраменто, Мајами и Индијана.

Стрелецот на последните поени на натпреварот Камерунецот Ембид мечот го заврши со 27 поени, 16 скока и четири асистенции. Кај Кливленд Кевин Лав и Џордан Кларксон реализираа по 20 поени.

Мајами играат одлично од почетокот на сезоната, синоќа во меч без незивесност ги победија Детроит Пистонс 117:108.

Џими Батлер ги предводеше Хит со 20 поени и 13 асистенции, ист број на поени постигна и дебитантот во лигата Кендрик Нан. Мечот со 19 поени го завршија Горан Драгиќ и Бем Адебајо.

Индијана го забележаа четвртиот триумф во низа. Пред Пејсерс падна Оклахома Тандер 111:85.

Ти Џеј Ворен беше најдобар со 27 поени, Малком Брогдон постигна 20, а Домантас Сабонис забележа 18 поени и 16 скока.

Победата на Чикаго над Њујор 120:102 ја обечежа рукито Коби Вајт. Тој во последната четвртина постигна седум тројки. Вајт кој има 19 години го предводеше Чикаго со 27 поени, два повеќе од Зек Лавин.

Сакраменто на српски погон го победија Портланд 107:99. Богдан Богдановиќ и Немања Бјелица постигнаа најмногу поени оваа сезона. Богдановиќ мечот го заврши со 25 поени и 10 асистенции, а Бјелица со 19 поени и 12 скока.

Атланта победија во Денвер 125:121 благодарение на брилијантниот Трае Јанг кој забележа 42 поени и 11 асистенции. Кај Денвер Вил Бартон забележа 21, а Никола Јокиќ 20 поени.

ЛА Лејкерс со тешка мака го скршија отпорот на Финикс Санс. Во победата 123:115 се истакнаа Ентони Дејвис (24 поени, 12 скока), Кајл Кузма (23 поени), Леброн Џејмс (19 поени, 7 скока, 11 асистенции).

Scroll to Top