Top Sport

Енес Кантер: Леброн Џејмс е диктатор

Поранешниот НБА кошаркар Енес Кантер (32), кој во меѓувреме го смени презимето во „Фридом“, отворено зборуваше за „диктатурата“ што ја спроведува Леброн Џејмс во Лос Анџелес Лејкерс.

Според зборовите на поранешниот турски репрезентативец, Лејкерси прават се што е поврзано со составување на тимот по диктат на Леброн Џејмс.

Тој не пропушти да го спомене и фактот дека го донел својот син во тимот иако, како што вели Кантер, не е НБА калибар.

„Можеби е добро момче, но не е доволно добар. Единствената причина зошто е драфтуван е затоа што е син на Леброн, исто така Џеј Џеј Редик е назначен за тренер бидејќи е пријател на Леброн“, изјави Кантер за подкастот за „OutKick“.

„Ниту еден играч не сака да биде во тимот со Леброн“, продолжи Кантер, кој е баран во Турција бидејќи е противник на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

Таму дури беше прогласен за терорист.

„Кога сезоната на Лејкерс не оди добро, тој бара други играчи кои се виновни, лани цела сезона го обвинуваше Расел Вестбрук. Леброн не е добар соиграч. Очигледно, тој влијае на медиумите и го контролира тој наратив, но ќе загребете под површината и навистина ќе видите што се случува, ќе дознаете дека никој не сака да игра со него“.

Кантер има одиграно 807 натпревари во НБА, без договор е од 2022 година.

„Кога ќе видам диктатор, го препознавам. Леброн е диктатор на НБА. Тој ги контролира медиумите, го контролира наративот, ако одите против агендата што тој ја наметнува, тој ќе ве трејдува, а сите го знаат тоа“.

Scroll to Top