Top Sport

Енис од ЛА Лејкерс се пресели во Фенербахче

Кошаркарскиот клуб Фенербахче бековската линија ја засили со играч кој има НБА искуство. Нов играч на турскиот шампион е досегашниот организатор на играта на ЛА Лејкерс, Тајлер Енис.

Плејмејкерот со Фенербахче потпишал едно годишен договор, со можност соработката да биде продолжена на уште една година.

Тајлер Енис е брат на добро познатиот бек Дилан, кој настапуваше в АБА лигата, во екипите на Мега Бемакс и Црвена звезда.

Енис, во НБА лигата, влезе како 18.пик, на Феникс Санс, на драфтот во 2014 година. Во кариерата настапувал уште и во Милвоки, односно Хјустон.

Тој е второто засилување од НБА лигата ова лето за Фенербахче, откако претходно во клубот пристигна Жофри Ловерњ од Сан Антонио Спарс.

Турските медиуми пишуваат дека веројатно клубот по Енис и Ловерњ ќе добие уште едно засилување од НБА лигата, односно дека во тимот ќе се врати поранешниот МВП во Евролигата, Немања Бјелица.

Scroll to Top