Top Sport

ФИБА жестоко ги казни тепачите од Филипините и Австралија (Видео)

Дисциплинската комисија на ФИБА ги изрече казните поврзани со општата тепачка што се случи на квалификацискиот натпревар за пласман на Светското првенство, помеѓу Филипините и Австралија. ФИБА ги суспендира судиите, а казни 13 кошаркари и двајца тренери.

Од репрезентацијата на Филипините суспензии, поради неспортско однесување, добија десет кошаркари, додека Роџер Погој доби дополнителна суспензија бидејќи тој ја започнал тепачката.

Агилар и Рајт се суспендирани на еден натпревар, Ромео, Вилијам, Блеч и Розарио нема да играат на наредните три натпревари, Круз и Јавалон се суспендирани на пет натпревари, додека Абуева нема да може да игра во овој квалификациски циклус.

Селекторот Рејес доби суспензија од еден натпревар и парична казна од 10.000 швајцарски франци, а неговиот помошник Уичико е суспендиран на три натпревари.

Кошаркарскиот сојуз на Филипините во касата на ФИБА ќе мора да уплати 250.000 швајцарски франци, а репрезентацијата наредниот натпревар ќе го игра пред празни трибини.

Кај Австралија, Голдинг ќе пропушти еден, Мејкер три, а Кикерт пет натпревари. Кошаркарскиот сојуз на Австралија парично е казнет со 100.000 швајцарски франци.

Судиите веднаш се избришани од списокот на ФИБА и тие нема да судат натпревари една година.

ФИБА соопшти дека парите од казните ќе ги уплати во добротворни цели.

Scroll to Top