Никола Калиниќ кариерата ќе ја продолжи во Црвена звезда. Договорот на крилниот кошаркар со Барселона истече, откако не доби нов, ја одби понудата од Олимпија Милано и реши да се врати во Белград.
Клубот се уште не е се ограсил, но шпанските медиуми тврдат дека Калиниќ потпишал три годишен договор со црвено-белите.
Со оглед на тоа дека има 33 години извесно дека Калиниќ кариерата ќе ја заврши во црвено-белиот дрес.
Минатата сезона во Евролигата имаше просек од 7,3 поени со 3,8 скока и 2,4 асистенции по меч.
За Калиниќ ова ќе биде трет мандат во Звезда, а првпат пристигна во 2014 година од крагуевачки Раднички.
По само една сезона се пресели во турски Фенербахче со кој ја освои Евролигата во 2017 година.
По пет години минати во Истанбул се пресели во шпанска Валенсија, а по само една сезона во 2021 година се врати во Звезда.
Повторно остана само една година и премина во Барселона со која потпиша двегодишен договор.
Тоа значи дека тој се враќа во Звезда како слободен играч. Со Звезда освои две двојни круни и беше МВП на АБА лигата во 2022 година.