Шпанскиот кошаркар на Денвер нагетс, Хуан Ернангомез во интервју за шпанскиот весник „АС“ имаше само пофални зборови за својот соиграч Никола Јокиќ, кој во една сезона стана вистинска сензација во НБА.
„Јокиќ е неверојатна личност. Јас бев со него секој ден и веднаш се забележува дека се работи за скромен и вреден човек. Тој е еден од ретките кој изддржа да ги одигра сите натпревари оваа сезона, освен тогаш кога беше исклучен. Стана најдобар центар во НБА, беше во најдобрата петорка, играше Ол-Стар и не предводеше во плејофот“, вели Ернангомез.
Тој исто така открива дека поразот од Портланд во полуфиналето на Западната конференција тешко му паднал на Србинот.
„Во мечот во кој испаднавме, Јокиќ имаше 20 скока, а потоа во соблекувалната плачеше и се обвинуваше самиот себе за поразот. Тоа покажува колку ја сака кошарката и дека најдоброто е пред него. Никола е можеби најголемиот талент кој сум го видел во животот“, вели Ернангомез.