Top Sport

Ајакс го наградија Тен Хаг со нов тригодишен договор

Тренерот на Ајак, Ерик Тен Хаг доби нов тригодишен договор откако лани ги предводеше „копјаниците“ до двојна холандска титула и до полуфиналето во Лигата на шампионите.

49-годишниот Холанѓанец ќе остане во клубот до 2022 година и признава дека е презадоволен што останува во „неговиот“ клуб откако голем број на шпекулации го поврзуваа со трансфер во Англија или Италија.

„Пресреќен сум. Имавме фантастична сезона и сега сакаме да го надградиме овој успех и клубот да оди напред. Резултатите кои ги остваривме беа фантастични и ќе биде многу тешко да се подобри тоа. Но, целите се тие и одиме напред. Стилот на фудбал одговара на Ајакс, но и на мене“, вели Тен Хаг.

Предизвик за Тен Хаг ќе биде и обновување на тимот, бидејќи Френки де Јонг веќе замина во Барселона, Матијс де Лихт преговара за трансфер со повеќе клубови, а неизвесна е иднината и на Хишам Зијеч, Дони ван дер Бек.

Scroll to Top