Грчката ѕвезда на Милвоки бакс, Јанис Адетокумбо е прогласен за најкорисен кошаркар во НБА (МВП) лигата во сезоната 2019/20, јавува обично доброинформираниот извор на „ЕСПН“, Адријан Војнаровски.
„Грчката ѕверка“ има уште една фантастична регуларна сезона зад него, но Бакси не успеаја да се пласираат во полуфиналето на Источната конференција. Според Војнаровски, Адетокумбо е и освојувач и на наградата за најдобар дефанзивен кошаркар во НБА лигата. Тој се приклучува на Хаким Олајџувон (1993/94) и Мајкл Џордан (1987/88), како трет кошаркар кој ја освоил МВП наградата и наградата за најдобар дефанзивен кошаркар.
Адетокумбо имаше 29.5 поени по натпревар во сезоната, 5.6 асистенции и 13.6 скокови, а најсериозни конкуренти за оваа награда секако му беа Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Никола Јокиќ.
Milwaukee’s Giannis Antetokounmpo has won his second consecutive MVP award, sources tell ESPN.
— Adrian Wojnarowski (@wojespn) September 18, 2020